Данците и Словаците ќе ги затворат трговските центри и продавниците за Божиќ за да спречат ширење на коронавирусот.
Данската влада ќе го стори тоа од утре, а другите продавници ќе бидат затворени од Божиќ па натаму, објави весникот „Екстра бладет“.
Супермаркетите и другите продавници за храна ќе останат отворени, објави „Ројтерс“.
Словачка, пак, ќе го ограничи движењето на луѓето од сабота наутро до 10 јануари, освен во неизбежни ситуации, за работа и престој во природа. Повеќето продавници исто така ќе се затворат.
– Ситуацијата е посериозна од кога било – предупреди министерот за здравство, Марек Крајчи. Владата ги покани семејствата да се дружат со само уште едно семејство за време на празниците.
Според Европскиот центар за контрола и превенција на болестите, Данска има 523 заразени лица на 100.000 жители во последните две недели, а Словачка 500.