Oд денеска Данска почнува со користење на „ковид-пасоши“ за внатрешна употреба.
Целта, како што се наведува, е да им се помогне на несуштинските компании повторно да се отворат кон клиентите. „Ковид-пасошот“ е за луѓе кои се целосно вакцинирани, биле позитивни на ковид-19 пред две до 12 недели или имаат негативен ПЦР тест во претходните 72 часа.
Данското министерство за правда предупреди дека компаниите кои ќе дозволат влез за клиенти без соодветен „ковид-пасош“ ќе бидат казнети со 400 евра или 6.000 евра за повторени прекршувања, додека клиентите ќе бидат казнети со 330 евра.
Данска е меѓу првите земји во Европа која спроведува ваков систем.