Германија планира да го продолжи предупредувањето за патување во повеќе од 160 земји надвор од ЕУ до 31 август годинава, поради страв од ширење на коронавирусот.
На листата на овие земји, за кои Германија ќе ги советува своите граѓани да не ги посетуваат во текот на летните месеци, се наоѓа и Македонија, јавува „Дојче Веле“.
Се очекува денеска да се расправа за предлогот.
Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Германците да не патуваат во Велика Британија се додека таму е на сила 14-дневен карантин за туристите.
Дел од медиумите најавуваат дека денеска ќе се расправа и за забрана за влез на граѓани од одредени земји до 31 август.