Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер, побара денеска носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од коронавирусот.
– Оние што сакаат целосна настава не можат да ја избегнат задолжителната употреба на маски – рече Мејдингер.
Тој изјави дека во повеќето делови на Германија, се бара да се носат маски во супермаркетите, јавниот превоз и на големи собири, но не и во училиштата, пренесува АП.
Засега, само во Северна Рајна-Вестфалија, учениците и наставниците се должни да носат маски за време на часовите, но и некои други германски држави размислуваат за воведување на оваа мерка.