Во согласност со одлуката на ЕУ за затворање на надворешните граници, Германија одлучи да го суспендира договорот со Турција за прифаќање на бегалците од Сирија, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.
Портпаролот на министерството наведе дека германската влада е подготвена да продолжи со примена на договорот за прифаќање бегалци од Сирија, тогаш кога ќе има услови за тоа.