Шест недели пред претседателските избори речиси 200.000 луѓе починаа од ковид-19 во САД до денес, објави Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Според истиот извор, од 6,9 милиони заболени до утрово, починале 200.005 луѓе, а САД се меѓу најпогодените земји од новата пандемија на коронавирусот.
– Ковид-19 ќе биде трета водечка причина за смртност во САД оваа година и ќе ги надмине несреќите, мозочните удари и Алцхајмеровата болест. Ние го потценуваме овој вирус на наша штета и на штета на оние што се погодени од нашите одлуки – рече Том Фриден, поранешен директор на Центарот за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ).
Пред ковид-19 причинители на смрт се само карциномот и кардиоваскуларните заболувања.