Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб.
– Четириесет и девет пациенти со коронавирус, кај кои беше дијагностицирана пневмонија, починаа во Москва – се вели во соопштението, пренесува агенцијата Тас.
Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот од почетокот на пандемијата во руската престолнина достигна 6.058.
Тас наведува дека Москва е еден од најпогодените региони на Русија кога станува збор за бројот на пациенти, како и дека се зголемува бројот на смртни случаи во главниот град.
Од почетокот на пандемијата, во Москва се регистрирани 367.629 случаи на коронавирус, додека 275.648 пациенти оздравеле.