Научниците од Империјал колеџ во Лондон неделава експериментално ќе им даваат вакцини на луѓето во Велика Британија, што е еден од последните обиди да се најде ефикасна вакцина за запирање на пандемијата.
Во изјавата на британската влада се вели дека 300 здрави луѓе ќе бидат имунизирани со две дози на вакцина против ковид-19, изработена во Империјал колеџ, која владата ја поддржа со 51 милиони долари, јавуваат светските медиуми.
Досега оваа експериментална вакцина е тестирана само на животни и во лабораторија.
Многу научници предупредуваат дека пандемијата може да се запре само со ефикасна вакцина, што обично трае неколку години.