Кина со 16 нови случаи на инфекција со коронавирус бележи најголем пораст на нови случаи за речиси три недели откако бројот на увезени случаи се зголеми во југозападната провинција Сeчуан.
Сите нови случаи се патници кои се вратиле од странство, а 11 од нив се од Сечуан, соопшти Националната здравствена комисија (НХЦ).
Кинеската државна телевизија објави дека заразениот пристигнал дома во Сечуан на лет од Египет. На истиот лет, откриени се шест асимптоматски случаи, кои Кина не ги вклучува во вкупниот број на заразени со ковид-19.
Вкупниот број на заразени во Кина е 83.017, а 4.3434 починале.