Бројот на починати од коронавирус во Италија во изминатите 24 часа е 66, а регистрирани се уште 333 нови случаи, објави италијанската Агенција за цивилна заштита.
Од почетокот на епидемијата на 21 февруари, вкупно 34.514 лица починале од коронавирусот, што ја става Италија на четвртото место по бројот на жртвите, по САД, Бразил и Велика Британија.
Во земјата досега се потврдени 238.159 случаи.
Во Италија излекувани се 180.544 луѓе, а на интензивна нега се 168 лица.
Тестирани се 2.959 милиони италијански граѓани.