Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс на системот, пренесува Би-би-си.
Околу една четвртина од медицинскиот персонал во Лиеж е заразен со коронавирус, а денес 10 болници во тој град побарале од заразениот персонал да продолжи да работи, доколку немаат симптоми.
Шефот на белгиската асоцијација на медицински синдикати, д-р Филипе Девос, за Би-би-си изјавил дека немаат друг избор ако сакаат да спречат колапс на здравствениот систем во рок од неколку денови.
Девос тврди и дека постои очигледен ризик оти лекарите и другиот инфициран медицински персонал можат да заразат пациенти.
Во тој град на истокот од Белгија, околу една третина од тестовите се покажаа позитивни, што доволно зборува за сериозноста на ситуацијата.
Болниците ги префрлаат пациентите во други здравствени установи и ги откажуваат неитните операции. Сето ова доаѓа неколку дена откако белгискиот министер за здравство Франк Ванденбруке објави дека земјата се приближува кон „цунами од инфекции“, додавајќи дека властите „повеќе не ја контролираат ситуацијата“.