Еден од работниците на кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата бил позитивен на коронавирусот додека кралицата сè уште била во палатата.
Тој, наводно, се разболел и бил позитивен на коронавирусот минатата недела, што го натерало персоналот кој го контактирал да се изолира.
Кралицата Елизабета Втора (93) ја напушти палатата пред неколку дена за да избегне зараза со вирусот.
– Работникот дозна дека е позитивен пред кралицата да замине во Виндзор. Палатата има 500 членови персонал, така што, како и секое работно место, не е незамисливо некој да се зарази – рекол припадник на кралското семејство.
Не е познато дали кралицата била во контакт со него. Откако се проширил коронавирусот, кралицата избегнувала ракување и блиски контакти.
Кралицата е во Виндзор со сопругот Филип (98). Тие одат таму секоја година за Велигден, овој пат порано го започнале одморот.