Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ успеа да ја неутрализира новата варијанта на коронавирусот што брзо се шири во Бразил, покажа лабораториска студија објавена во New England Journal of Medicine.
Студијата наведува дека крвта на луѓето кои ја примиле вакцината ја неутрализирала вештачката верзија на вирусот која ги содржела истите мутации што ја има многу заразната верзија на коронавирусот откриена во Бразил.
Научниците во студијата наведуваат дека неутрализирачката способност е приближно еднаква на нивната вакцина за претходната, помалку заразна варијанта на вирусот од минатата година.
Во претходно објавеното истражување, „Фајзер“ открива дека нивната вакцина ги неутрализира и другите заразни варијанти на вирусот, британската и јужноафриканската варијанта, иако е докажано дека јужноафриканската варијанта може да го намали нивото на антитела произведени по вакцинацијата.