Во Европа се забележани најмалку 3.421 смртен случај од коронавирус, наспроти 3.384 во Азија, покажуваат податоците на АФП кои беа објавени денеска напладне.
Во меѓувреме, американскиот претседател Трамп потврди дека границата помеѓу САД и Канада ќе биде затворена за целиот сообраќај, освен за најитни случаи.
Рускиот претседател Владимир Путин е под постојана заштита од коронавирус, објави Кремљ, објаснувајќи дека сите вработени вклучени во настани со кои е поврзан Путин, мора да бидат тестирани за коронавирус.
Од денеска Белгија, поради пандемијата, ги затвори сите продавници, освен оние за храна, аптеките и поштите, а граѓаните се повикуваат да останат дома.
Бугарија, Ирска и Шведска вчера објавија за првите жртви на епидемијата од коронавирус како и претходно Белгија, каде бројот на починати се искачи на три за неколку часа.
И во Албанија се регистрирани два смртни случаи од инфекцијата.
Најлошо е во Италија, каде што веќе со денови за 24 часа умираат над 300 луѓе. Вчера во 18 часот, властите објавија дека 345 луѓе починале за еден ден. Вкупно, над 31.000 луѓе се заразени со Италија.
По ова следат Иран со 16.000, Шпанија со 11.826 и Германија со 9.367 случаи.