Кина денеска објави 26 нови случаи накоронавирус, додека Пекинг продолжува да се бори против ново жариште на епидемијата на градскиот пазар Ксинфади.
Според државните здравствени власти, од 26 нови случаи, 22 се пријавени во Пекинг и три во провинцијата Хубеи.
Еден увезен случај е пријавен во југоисточната кинеска провинција Фуџијан.
Од 11 јуни, кога беше откриено жариште на пазарот на големо Ксинфади во југозападниот округ Фенгтаи, во кинескиот главен град се пријавени вкупно 227 случаи на коронавирус.
Оттогаш, градските власти презедоа драстични чекори за да го спречат натамошното ширење на епидемијата и спроведуваат масовни тестирања, затворање на училишта, карантинзирање на цели градски области и забрана за неопходни патувања.