Британската варијанта на ковид-19 е потврдена во повеќе од една четвртина од тестовите направени во Данска.
До вчера, британскиот вид е откриен кај 28,5 проценти од примероците од првата недела на февруари. Една недела претходно, учеството беше 20,3 проценти.
Британската мутација на вирусот е откриена кај вкупно 1.859 лица во Данска.
Заега остануваат во сила строгите мерки поради стравот од новите мутации на вирусот.