Компанијата „Боинг“ денес објави дека привремено ќе го прекине производството на авиони „787“ во нејзините погони во американската сојузна држава Јужна Каролина поради пандемијата од корнавирус.
Соопштението доаѓа откако гувернерот на Јужна Каролина издаде наредба во која се бара граѓаните да останат дома освен доколку немаат неопходна потреба за излегување, пренесува „Ројтерс“.
„Боинг“ во неделата на неопределено време ја продолжи мерката за стопирање на производството во погоните во сојузната државата Вашингтон.