Германската лабораторија „Бионтек“ објави дека смета на ефективноста на својата вакцина, развиена во соработка со американски „Фајзер“, кога станува збор за сегашните варијанти на коронавирусот САРС-КоВ-2 додавајќи дека ниту една студија во моментот не покажува дека е потребно да се развие нова формула.
– Во овој момент нема индикации дека вакцината на ‘Бионтек’ против Ковид-19 треба да се приспособи на новите варијанти на вирусот – соопшти германската лабораторија.
Засега, се додава во соопштението, „Бионтек“ е насочен кон развој на комплетна стратегија за борба против варијантите доколку се појави потреба во иднина.
Затоа лабораторијата почна со тестирање верзија на вакцина изменета специјално за варијантите на коронавирусот во март доколку САРС-КоВ- значително се промени и е потребна нова вакцина.
Исто така, се испитува влијанието на можната трета доза вакцина врз продолжувањето на стекнатиот имунитет и заштитата од нови варијанти.
Извршниот директор на „Бионтек“, Угур Сахин, во април рече дека нивната вакцина е ефикасна против индиската варијанта на коронавирусот.