Многу показатели сугерираат дека следното лето ќе биде радосно и просперитетно и дека луѓето повторно ќе се собираат на отворено и во затворено. Но, ќе ги има помалку, бидејќи ќе умрат десетици илјади Американци, кои можеле да бидат спасени, пишува американскиот магазин „Атлантик“.
Многу докази укажуваат на тоа дека се остварува еден од најлошите стравови од пандемијата – дека болниците ќе бидат преплавени, што ќе доведе до непотребни смртни случаи. Американците кои денес умираат од ковид-19 би можеле да преживеат ако не се разболеа пред еден месец.
Бројот на хоспитализирани пациенти се зголемува речиси секој ден. ОД 1 ноември бројот на пациенти со ковид-19 во болниците е двојно поголем, а од 1 октомври тројно.
Во меѓувреме, здравствените работници се загрижени дека болниците наскоро ќе бидат преполни.
– Здравствениот систем во Ајова ќе се распадне, без сомнение – изјави еден инфектолог за „Атлантик“ на почетокот на ноември.
Следната недела, лекар за интензивна нега во Небраска предупреди: „Претпоставката дека секогаш ќе имаме еден болнички кревет за вас е неточна“.
Оваа катастрофа се чини дека е на повидок не само во Ајова и Небраска, туку и низ Америка. Националното распаѓање на болничкиот систем сега може да се види и во податоците за коронавирусот. Со недели, бројот на хоспитализирани лица со ковид-19 беше приближно 3,5 проценти од вкупниот број на случаи претходната недела. Сепак, бројот на случаи во вкупниот број хоспитализации сега се намалува, наведува магазинот.
Просечен Американец со ковид-19 е примен во болница денеска, веројатно поболен од некој со ковид-19 на крајот од летото. Ова не е затоа што лекарите и медицинските сестри станале посурови, пишува Атлантик, туку едноставно затоа што им снемува болнички кревети и затоа е потребно да се заостри критериумот за прием во болницата.
Се предвидува дека првите дози на вакцината скоро сигурно ќе пристигнат до Божиќ. Десетици милиони Американци би можеле да имаат имунитет во рок од осум недели, а до крајот на февруари околу 100 милиони Американци ќе бидат имуни.
Сепак, квалитетот на здравствената заштита ќе се влоши пред тоа, а на пациентите на кои им требаат болнички кревети од која било друга причина – срцев удар или скршеница на ногата – тешко ќе стигнат до нив. Многу луѓе ќе страдаат и ќе умрат непотребно, предупредува магазинот „Атлантик“.