Австрија од полноќ ги отвори своите граници, односно го укина задолжителниот карантин и PCR-тестот за државјаните на земјите членки на Европската Унија, Европската економска заедница и ЕФТА, освен за Велика Британија, Шведска, Шпанија и Португалија.
Новото олеснување на мерките на границите на Австрија не ги вклучува земјите од Западен Балкан, за чии граѓани сè уште важи задолжителниот карантин по враќањето, односно влегувањето во Австрија.
Австрија ги отвори своите граници кон седум соседни земји претходно овој месец, а сега ги отвори за Италија.
Со новото олеснување на мерките, нема повеќе карантини за враќање од Белгија, Бугарија, Данска, Фарските Острови, Германија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Исланд, Ирска, Италија, Хрватска, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Романија, Швајцарија, Кипар, Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан.
Ограничувањата, т.е. двонеделен карантин или PCR-тест, се применуваат при влез од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово, Албанија, Молдавија, Белорусија, Русија и Турција.
Предупредувањето за патувања постоји за уште 21 земја низ целиот свет. Во Европа важат за Велика Британија, Португалија, Русија, Шведска, Шпанија, потоа за Турција, Украина, Белорусија, како и за италијанскиот регион Ломбардија.
Надвор од Европа, австриските државјани се предупредуваат за патувања во Бразил, Еквадор, Индија, Индонезија, Иран, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Филипини, Сенегал, Јужна Африка и САД.