Повеќе од 8.000 луѓе во Индија извршиле самоубиство во 2020 година поради невработеност и финансиски тешкотии во услови на ненадејно затворање, со кое се соочи земјата за време на првиот бран на коронавирусот, потврдија владини претставници, јавува „Анадолија“.
Говорејќи во парламентот, портпаролот на Министерството за внатрешни работи (НУП), Нитјананд Раи (Нитјанд), рече дека 8.761 лице се самоубиле поради невработеност, банкрот или долгови во 2020 година.
Тој додаде дека вкупно 25.251 лице си го одзеле животот меѓу 2018 и 2020 година поради финансиската криза.
Владата поведе разни иницијативи за вработување и создавање приходи.
МВР соопшти дека водечките програми, вклучително домашното производство, дигитализацијата, чистотата, паметните градови, домувањето, инфраструктурата и индустријата, имаат потенцијал да поттикнат продуктивни можности за вработување.