Во Италија коронавирусот ја зеде 100-тата жртва помеѓу лекарите, соопшти лекарското здружение.
Најновата жртва е 62-годишен лекар по општа медицина во провинцијата Венето.
Италија е земјата во која досега има најголем број жртви од коронавирус, а медицинскиот персонал се соочува со недостиг на заштитна опрема, како што се ракавици и маски за лице.
– Недостатоците и пропустите е навистина тешко да се разберат и уште потешко е да се оправдаат со оглед на овие трагични бројки – рече Филипо Анели, претседател на лекарското здружение „Фномчео“.
Во саботата, Карло Палермо, претседател на Сојузот на синдикатот на лекарите во земјата, изјави дека починале 80-ина лекари и 40 медицински сестри.
Во Италија досега потврдени се речиси 140.000 лица заразени со коронавирус, од кои околу 10 проценти, поточно 13.522 лица, се медицински работници.