Илјадници луѓе протестираа во Виена против планот на владата да воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 следниот месец.
– Владата мора да падне – скандираа на протестот кој веќе е вообичаен настан во центарот на Виена во текот на саботите, објави „Ројтерс“.
Парламентот следната недела треба да гласа за прашањето што ги подели граѓаните бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус.
Владата воведе четврто затворање на национално ниво во ноември и најави дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите Австријци. Австрија е првата земја од ЕУ што донесе ваква одлука.
Анкетата што ја спроведе магазинот „Профил“ покажа дека 51 отсто од испитаниците се против задолжителната вакцинација од февруари, од кои 34 отсто се против задолжителната вакцинација воопшто, а 17 отсто сакаат да почекаат со тоа.
Истражувањето покажа дека 45 отсто од Австријците се за задолжителна вакцинација од февруари.