Европската комисија денеска објави дека повела правна постапка против „Астразенека“ за непочитување на договорот за испорака на вакцини против ковид-19 и поради недостиг на сигурен план за обезбедување навремена испорака, пренесува „Ројтерс“.
– Комисијата почна правна постапка против ‘Астразенека’ минатиот петок – рече портпаролот на прес-конференција, објави „Ројтерс“.
Тој посочи дека сите 27 земји членки на ЕУ го поддржаа овој потег.