Британскиот премиер Борис Џонсон даде интересна изјава на прашањето дали на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе му биде потребна вакцина против ковид-19 ако сака да игра на Вимблдон ова лето.
По драмата која се случуваше во Мелбурн, со одземањето на неговата австралиска виза, и најавите за ново депортирање откако го доби судскиот случај, сега ќе биде интересно да се види на кои гренд слемови ќе може да игра Србинот. Француските власти веќе објавија дека тој ќе биде слободен да настапи на Ролан Гарос, иако францускиот претседател Емануел Макрон најави дека сите спортисти мораат да бидат вакцинирани.
„Видете, важно е австралиските власти да си ги одредуваат сопствените закони. Се што можам да кажам за Новак Ѓоковиќ, против кого сум играл тенис, и навистина е добар, е дека верувам во вакцинацијата и тоа е прекрасна работа. Мислам дека сите треба да застанат зад програмата која дозволува нашата земја да е најотворената економија во Европа и во исто време да ги заштитува своите граѓани“, изјави Џонсон.