Британскиот премиер Борис Џонсон бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на ковид-19, пред средината на февруари, објави репортерот на Скај Њуз.
Претходно Џонсон рече дека Владата не размислува за олеснување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени лица со коронавирус не се намалува.Тој нагласи дека мерките ќе останат во сила се додека во Владата не бидат сигурни дека програмата за вакцинација делува на спречување на ширењето на епидемијата.
Британската Влада без поголеми проблеми ги измени законите за изолација, со што е овозможено многу полесно донесување одлуки за затворање на пабовите, продавниците и јавните места до 17 јули.