Компанијата „Џонсон и Џонсон“ објави дека ја пријави својата вакцина против коронавирус за одобрување од Светската здравствена организација за итна употреба.

Компанијата наведува дека овој процес е предуслов за испорака на нејзината вакцина за програмата Ковакс, со која треба да се обезбедат вакцини за сиромашните и средно развиените земји, пренесува „Ројтерс“.

„Џонсон и Џонсон“ во декември минатата година склучија договор за поддршка на програмата Ковакс.

– „Џонсон и Џонсон“ и организацијата Гави, која ја води „Ковакс“ со СЗО, очекуваат однапред да биде склучен договор за набавка на вакцини, со што ќе се обезбедат до 500 милиони вакцини преку таа програма во текот на 2022 година – се вели во соопштението.