Њујорк планира потполно отворање на 1 јуни, по повеќе од една година локдаун поради пандемијата од коронавирусот, најави градоначалникот Бил де Бласио во четвртокот, откако веќе се вакцинирани околу осум милиони жители.
– Подготвени сме компаниите, канцелариите, театрите да се отворат потполно – рече Де Бласио.
Додаде дека оптимизмот го темели на масовното вакцинирање на њујоркчаните. Според неговите зборови, досега се дадени 6,3 милиони дози на 8,3 милиони луѓе.
Останува нејасно како плановите на градоначалникот се вклопуваат во сојузните, затоа што сојузната влада е надлежна за воведување и укинување на рестрикциите во работата на рестораните и компаниите.
Де Бласиот не прецизира дали они кои доаѓаат во театар или вечераат во ресторан мора да исполнат некои услови, како потврда за вакцинирање.
Клубовите од американкиот фудбал Њујорк Јенкис и Метс бараат гледачите да имаат задолжителен тест на ковид-19 или да покажат сертификат за вакцинација, пред да влезат на стадионите ограничени на 20 отсто од капацитетот.
Театрите на Бродвеј на почетокот на април почнаа да отвораат посебни настани со ограничен број посетители. Некои продуценти планираат потполно отворање на 1 јуни.
Изјавата на Де Блесио следи еден ден откако гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендру Куомо ги укина ограничувањата за повторно оживување на ноќниот живот во градот.
Куомо во средата го укина полицискиот час според кој рестораните и баровите работеа до полноќ. Забраната на 17 мај ќе биде укината за надворешните, а на 31 мај за внатрешните делови од рестораните.