Јапонија успеа да обезбеди 144 милиони вакцини против коронавирус од компанијата „Фајзер“, но не може eфикасно да ги искористи затоа што нема соодветни шприцеви со кои би можело да извлечат по шест дози од секое пакување.
Тоа може да ја наруши програмата за вакцинација, што би довело до ситуација милиони јапонски граѓани да не можат да ја примат вакцината, пишува британски „Гардијан“.
Според министерот за здравство Нориши Тамури, стандардните шприцеви што се користат во Јапонија не можат да извлечат по шест дози од секое шишенце на американскиот производител.
Недостатокот од такви шприцеви значи дека може да се користат само шприцеви со тесно грло, што може да извлечат пет дози по шишенце, што е доволно за да се вакцинираат 60 милиони луѓе.
Освен Јапонија, слични проблеми имаат пријавено и некои земји од Европската унија, што значи дека може да се јави проблем за обезбедување дополнителни дози на вакцини.