Шпанските полицајци со игра и песна ги забавуваа децата кои поради коронавирусот деновиве ги минуваат во изолација во своите домови.
На социјалните мрежи беа објавени снимки од оваа необична „фиеста“.
„Ун, дос, трес. Малиот Хуан нека заигра!“ Во ритамот на гитарата и светлосните ефекти од ротационите светла на полициските воизла, петмина локални полицајци во Мајорка во саботата забавуваа десетици деца кои се наоѓаат во нивните домови повеќе од една недела откако шпанската влада прогласи вонредна состојба за да ја спречи пандемиката од коронавирусот.
Полицајците ги предводеше Педро Адровер, пејач во локален бенд, пеејќи детски песни на секоја улица во општината Алгаида, во период од три часа.
Видеото од танцот на полициските службеници стана вирално, откако на Твитер го сподели Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, пренесува „Ел Паис“.
Meanwhile in Spain:
These policemen entertain the people at home during the lockdown. ??✌ pic.twitter.com/JtvRUU4Mvi
— Nomadic indian ? (@SaiPras75383884) March 24, 2020