Шпанската влада денеска прогласи десетдневна жалост за сите жртви од коронавирус, што е најдолг период на жалост во последните 40 години.
За време на денот на жалоста, кој ќе почне утре, знамињата на повеќе од 14.000 установи и пловила ќе бидат на половина копје, пренесе британски „Гардијан“.
Портпаролката на шпанската влада, Марија Хесус Монтеро, изјави дека над 80 отсто од починатите се постари од 70 години и дека тоа се луѓето кои помогнале да се изгради денешната земја.
– Тие засекогаш ќе останат во наше сеќавање – рекла Монтеро.
На прозорите од приватните станови во Шпанија можат да се видат шпански знамиња со црна лента, кои претставуваат симбол на загуба на државата, но и гнев поради начинот на кој државата се однесувала кон пандемијата.
Во Шпанија се забележани 27.119 смртни случаи од коронавирус и 236.259 заболени.
Кралот Филип Шести ќе ја предводи церемонијата на сеќавање, откако земјата ќе излезе од карантинот воведен пред два и пол месеци.
Кога во 1975 година почина диктаторот Франциско Франко во Шпанија беше прогласена 30-дневна жалост.