Шестмесечното бебе е една од последните жртви на коронавирусот во Велика Британија, соопшти денеска Националната здравствена служба на земјата.
Бебето е меѓу 626 лица, чија смрт беше пријавена денес, пренесе „Скај њуз“.
Најстариот починат пациент од компликации на ковид-19 имал 103 години, а 22 од новите смртни случаи биле на возраст меѓу 40 и 96 години и немале други заболувања, соопшти британската здравствена служба.
Во британските болници досега починале 22.764 пациенти, а во целата земја регистрирани се над 31.241 смртeн случаj од коронавирус.