Финска ќе ја прекине употребата на вакцината на „Модерна“ против ковид-19 кај мажи родени 1991 година и подоцна, откако беа пријавени ретки кардиоваскуларни несакани ефекти, објави денеска Финскиот институт за здравје и социјална заштита.
Шведските и данските здравствени власти вчера објавија дека ќе престанат да ја користат вакцината на „Модерна“ за помлади лица и деца.
Норвешка веќе ја користи вакцината на „Фајзер“ за сите деца, а сега се препорачува и за мажи на возраст под 30 години.
Нордиските земји својата одлука ја засноваа на необјавена нордиска истражувачка студија која вклучува податоци од Финска, Шведска, Норвешка и Данска.