Италијанскиот министер за регионални работи, Франческо Боча, ненамерно откри дека речиси четвртина нови случаи на коронавирус во Италија се од странско потекло, откако изјави дека 75 отсто од случаите биле Италијанци заразени од Италијанци, пренесува „Ил џирнаке“.
Министерот Боча ги откри информациите додека се обидуваше да ги смири Италијанците загрижени дека неодамнешниот бран мигранти кои од Северна Африка може да ја рашири болеста и да доведе до нов бран на појава на коронавирус.
– 75 отсто од позитивните случаи се Италијанци заразени од други Италијанци. Што се однесува до позитивните странци кои се спасени на море, сите се подложени на тестови и брисеви и многу од нив веднаш заминуваат – рече Боча, посочувајќи дека преостанатите 25 отсто се странци или Италијанци заразени од странци.
Во последните неколку недели, бројот на нови пристигнувања на мигранти во Јужна Италија се зголеми, пред се во Сицилија и на островот Лампедуза, каде беше објавено дека пристигнува во просек по еден мигрантски брод на час.
Во Центарот за мигранти на островот, кој има капацтет за 95 лица, во мометот живеат 950 лица, а градоначалникот на Лампедуза, Тото Мартело, прашува зошто владата не прогласи вонредна состојба.
Минатата недела, повеќе 130 мигранти кои биле испратени во Северна Италија, биле позитивни на коронавирусот по тестирањето во Центарот за прием на мигранти во Тревизо. Неколку центри за мигранти се ставени под карантин по откривањето позитивни случаи, но многу мигранти направиле обиди да избегаат, дел од нив успешно.
Во неделата, во мигрантски центар во Удине избувнаа немири откако мигрантите насилно протестираа против карантинот наметнат во центарот. Протестите продолжија во понеделникот при што мигрантите палеа душеци и фрлаа камења врз пожарникарите кои се обидоа да ги изгаснат пожарите.