Француската министерка за економија и финансии, Агнес Пени – Рунаше, стана хит на интернет. На Јутјуб е објавено видео на кое се гледа како панично изреагирала откако сфатила дека ја заборавила заштитната маска во службениот автомобил.
Таа се обидела да го запре автомобилот, но безуспешно.
За среќа, обезбедувањето изреагирало брзо, па политичарката, откако ѝ дале нова маска, продолжила со протоколот.