Повеќе од 110 лица се казнети во илегален ресторан во Париз, ноќта од петокот кон саботата, а организаторот и менаџерот се приведени за кршење на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирус, соопшти полицијата.
По трет пат, Франција е подложена на строги епидемиолошки мерки за спречување на пандемијата. Баровите и рестораните се затворени со месеци, а властите советуваат да не се собираат повеќе од шест лица на ручек и вечера дома.
Полицијата била „повикана поради прекумерна бучава“ и „го прекинала собирот на повеќе од 110 лица“, објави париската полиција на Твитер.
Гостите се казнети за непочитување на епидемиолошките мерки.