За да ослободат кревети за интензивна нега во некои од најтешко погодените области во земјата, Французите ги оспособија специјалните возови „ТГВ“, во мобилни болници.
– Имаме многу повеќе простор отколку во амбулантите или во хеликоптерите – изјави Франсиц Браун, претседател на здружението на Итната медицина на Франција.
Во два медицински воза ТГВ денеска ќе бидат пренесени околу 40 пациенти, од источните градови Нанси и Мулхаус на југозапад, јави новинската агенција АФП.