Франција ќе воведе нови ограничувања за влез на патници од Индија поради индискиот сој на Ковид-19 што се појави во Индија, изјави денеска владин претставник.
Од сабота одредени ограничувања за Бразил, Аргентина, Чиле и за Јужна Африка ќе почнат да се применуваат во Франција, пишува АФП.
Габриел Атал, владин портпарол, исто така потврди дека Франција, како што беше планирано, ќе ја укине забраната за домашно патување на 3 мај, но ќе го напушти полицискиот час, кој е во сила од 19 до 18 часот. Сите продавници, кои беа затворени на почетокот на април, нема да бидат отворени до средината на мај, рече тој.
На почетокот на овој месец Франција ги прекина сите летови од Бразил во обид да го запре ширењето на новиот вид Ковид-19 пронајден во таа јужноамериканска земја. Во сабота таа привремена мерка ќе биде заменета со строго ограничување на патувањето за пет земји, што вклучува задолжителен десетдневен карантин со полициски проверки.
Патниците од овие земји дополнително ќе треба да поминат задолжителен антиген-тест по пристигнувањето, покрај ПЦР-тестот што го прават пред да се качат на летот.
Британскиот вид коронавирус сега сочинува околу 80 % од случаите во Франција, а новите видови коронавирус првпат идентификувани во Бразил и Јужна Африка се застапени со помалку од 4 % од заразените лица со коронавирус, рече минатата недела министерот за здравство, Оливие Веран.