Постапката за целосно одобрување на третата доза од вакцината против ковид, т.н засилувачка доза за постари од 16 години, беше објавено денеска од компаниите „Фајзер/Бионтек“.
Компаниите имаат намера да поднесат барање за одобрување до крајот на неделата, што потенцијално би можело да го отвори патот за целосно одобрување на третата, засилувачка доза, која може да се даде на лица со компромитиран имунолошки систем, пренесува „Ројтерс“.
Американските здравствени службеници потврдија дека од 20 септемви во САД ќе биде достапна третата доза на вакцина против коронавирус.
Претходно оваа недела, американската администрација за храна и лекови одобри целосна употреба на вакцини на „Фајзер/Бионтек“.