Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ очекува приход од речиси 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против коронавирусот во 2021 година, пренесува телевизиската станица Си-ен-би-си.
Вакцината против коронавирусот на „Фајзер“, која ја произведува заедно со својот германски партнер „Бионтек“, е прва во САД одобрена за итна употреба.
Во текот на 2021 година „Фајзер“ предвидува вкупни приходи на компанијата меѓу 59,4 и 61,4 милијарда долари.