Главниот експерт за заразни болести на американската влада, Ентони Фаучи, изрази надеж дека до крајот на овој месец Американската администрација за храна и лекови (ФДА) ќе издаде конечно трајно одобрување за вакцините против коронавирус.
Фаучи верува дека таквиот потег може да го охрабри бројот на граѓани да се вакцинираат, особено во училиштата и универзитетите.
ФДА ги одобри вакцините на компаниите „Фајзер“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“ само за итна употреба, но се очекува тие наскоро да добијат трајна лиценца.
Администрацијата на Џо Бајден изјави дека владата нема да бара задолжителна вакцинација на граѓаните, освен вработените во институциите, но Белата куќа се повеќе ги повикува федералните и локалните власти, како и компаниите, да размислат во носењето на слични одлуки.
Фаучи, кој е главен медицински советник на претседателот Бајден, рече дека „мора да се преземат чекори и на локално ниво“ за да се спречи понатамошно ширење на вирусот.
– Се надевам, не предвидувам, само се надевам дека тоа ќе биде во следните неколку недели и се надевам дека ќе биде во август – изјави Фаучи, зборувајќи за трајното одобрување на вакцините од страна на ФДА.