Унгарија одлучи да прифати 50 пациенти со Ковид-19 од Романија и да ги смести на одделенија за интензивна нега во нејзините болници, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој оцени дека Романија е во исклучително тешка епидемиолошка ситуација и додаде дека унгарската влада е во контакт со романски официјални лица со цел да и помогне на Романија, пренесуваат агенциите.
Сијарто потсети дека Унгарија веќе донирала респиратори и други медицински помагала и дека се согласила да прифати сериозно болни пациенти со ковид, кои ќе бидат сместени во болниците во Сегед и Дебрецен.
Романските власти претходно предупредија дека единиците за интензивна нега во земјата се полни и дека нема простор за нови пациенти со Ковид-19.