Унгарија планира воведување на специјални пасоши за граѓаните што биле вакцинирани против вирусот kовид-19 или кои можат да докажат дека ја прележале инфекцијата, изјави официјален унгарски претставник.
Сепак, шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергери Гулас, смета дека придобивките од овие пасоши допрва треба да се докажат.
Унгарија досега вакинираше околу 300.000 луѓе, а околу 115.000 ја примиле и вторава вакцина против коронавирусот.
Оваа држава планира итно да ги одобри вакцините „Спутник В“ и на кинеската компанија „Синофарм“. Со тоа, Унгарија би била првата земја-членка на Европската унија што би ги одобрила овие две вакцини.