Уште 100.000 дози од кинеската вакцина против коронавирус на „Синофарм“ пристигнaa во Унгарија, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
– Пратката пристигна цели 43 дена пред крајниот рок, дозволувајќи и на Унгарија да почне да дава вакцини многу порано – рече Сијарто во видео објавено на „Фејсбук“.
Министерот додаде дека владиниот товарен авион што превезува вакцини наскоро во Унгарија ќе почне да доставува стотици илјади дополнителни вакцини од Истокот.
– Колку порано пристигнат вакцините, толку побрзо унгарските лекари ќе можат да ги дадат на јавноста, давајќи им имунитет на Унгарците – рече Сијарто.
Во Унгарија досега се вакцинирани вкупно 1.397.342 лица, од кои 406.746 ја примиле втората доза од вакцината.