Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер ја објави својата фотографија со заштитна маска на лицето и индиректно констатира дека носењето заштитни маски е патриотски чин.
– Сите сме обединети во нашите напори да го победиме кинескиот невидлив вирус и многу луѓе велат дека носењето маски кога социјалното дистанцирање е невозможно е патриотски чин. Никој не е поголем патриот од мене, вашиот омилен претседател – напиша Трамп на Твитер, заедно со фотографијата на која носи маска.
Трамп го напиша тоа речиси три месеци откако американскиот центар за контрола на болести препорача носење маски.
Тој објави фотографија направена за време на посетата на воената болница во предградието на Вашингтон на почетокот од овој месец, кога за прв пат и досега единствен носеше маска во јавноста по неколкумесечно одбивање да го стори тоа.
Трамп го променил мислењето мотивиран од лошите резултати во предизборните анкети, пишува Си-ен-ен.
Досега се потврдени 3,7 милиони случаи на ковид-19 и 14,5 илјади смртни случаи од оваа болест во САД.