Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја нападна Кина, обвинувајќи ја за масовно убиство ширум светот.
Трамп го упати својот твит до неименуван „лудак од Кина“, што е најнов случај во низата од говор на омраза кој Белата куќа го упатува до официјален Пекинг, а што Трамп го користи и во својата предизборна кампања.
– Сето ова оди на сметка на неспособноста на Кина, ништо друго не направило вакво масовно убиство низ целиот свет – напиша Трамп.
Коронавирусот за првпат беше забележан во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, по што се прошири низ целиот свет, а според најновите податоци, одзел 326.000 човечки животи и предизвика големи економски штети.
На почетокот, Трамп не ја сфати сериозно епидемијата, а подоцна се сврте кон тврдењата дека Кина овозможила меѓународно ширење на вирусот.
Белата куќа изнесе тврдења дека вирусот е создаден во лабораторија, но досега не понуди цврсти докази за тоа.
Трамп претходно упати и закани за одмазда кон неговиот најголем економски ривал, Кина.