И британскиот премиер, Борис Џонсон, им се придружи на супермаркетите, кои апелираат до потрошувачите да не купуваат панично.
Сепак, ни тоа не вредело, купувачите продолжуваат да купуваат на истиот начин, со што дошло до недостиг на храна.
Во одделни продавници утрово дошло до немили сцени – тепачки и караници кога купувачите сакале да купат одделни производи, како што е тоалетна хартија, пакувана вода, конзерви со храна.
Портпаролот на Националната полиција соопшти дека засега не е одлучено полицијата да ги обезбедува супермаркетите, но дека се подготвени за сите сценарија.