Експертскиот панел на Светската здравствена организација (СЗО) препорача на лицата со умерено и значително ослабен имунитет да им се даде дополнителна доза вакцина против Ковид-19 одобрена од организацијата.
Експертите на СЗО посочуваат дека не станува збор за препорака на трета доза за општата популација.
– Препораката што сега ја даваме е имунокомпромитираните лица да добијат дополнителна доза за да го зголемат својот имунолошки одговор на потребното ниво на заштита и со тоа да спречат развој на тешка форма на болеста, која би предизикала хоспитализација или смрт – вели Кејт О’Брајан, директор на одделот за вакцинација на СЗО.
Комисијата соопшти дека за лица постари од 60 години, трета доза е потребна за пациенти кои ја примиле вакцината од кинеските компании Синовак и Синофарм. Третата доза може да биде друг вид вакцина, додаде комисијата на СЗО на прес -конференција.