Омикрон-сојот на коронавирусот досега е потврден во 38 земји во светот, изјави денеска Марија ван Керхове, експерт од Светската здравствена организација (СЗО).
– Имаме извештаи за омикрон во 38 земји, во сите шест региони на СЗО – рече таа додавајќи дека податоците од Јужна Африка покажуваат дека бројот на случаи на омикрон во таа земја расте.
Постојат претпоставки дека има зголемна стапка на пренос, а податоците сугерираат дека омикрон-сојот предизвикува заболување со симптоми што може да осцилираат од благи до тешки и потребно е време да се утврди дали овој сој е одговорен за зголемувањето на бројот на хоспитализации во Јужна Африка.
Таа исто така рече дека не е јасно дали тековните вакцини се ефикасни против новиот сој.