Светската здравствена организација е обвинета дека со италијанското Министерство за здравство ковалo заговор за отстранување на извештајот што открива лошо управување со здравствената криза во земјата на почетокот на пандемијата на коронавирусот, објави „Гардијан“.
Италија беше првата европска земја чие население беше погодено од масовна пандемија, а извештајот на СЗО, кој го изработи научникот Франческо Замбон со десет колеги од Европа, го плати владата на Кувајт со цел да обезбеди информации за тоа кои земји ќе бидат погодени од коронавирусот, додава британскиот весник.
Извештајот на СЗО со наслов „Првиот одговор на Италија на Ковид-19“, кој се појави на нивната веб-страница на 13 мај, беше отстранет следниот ден, а првпат беше објавен во „Гардијан“ во август.
Во соопштението на 102 страници се вели дека италијанскиот план за пандемија не е ажуриран од 2006 година, па поради неподготвеност, првиот одговор на здравствената служба на ударот на коронавирусот биле импровизиран и хаотичен. Како што се наведува, било потребно време за да биде достапен формалнот водич за пандемија.
Документот на СЗО наводно бил отстранет на барање на Раниери Гуера, помошник на генералниот директор за стратешки иницијативи при СЗО.
Гуера беше директор за превенција на болести во рамките на италијанското Министерство за здравство помеѓу 2014 и 2017 година и беше одговорен за ажурирање на планот за пандемија според новите упатства на СЗО и Европскиот центар за превенција и контрола на болестите.